речник контакт

Нови 21 заразени со ковид-19 во велешко, во болница се згрижени 43 лица

Активни се 195 случаи

Петар Печков

Нови 21 заразен со ковид-19 во Велес и велешко а тројца оздравени.  Ова е билансот за изминатите 24 часа, кој го соопшти Министерството за здравство,  од регистрираните 1.037 нови случаи на територијата на Македонија.  Активни  во велешко се 195 случаи.

Изминатото деноноќие ТрМр веќе информираше дека од велешко, има двајца пациенти  починато на Инфективното одделение, кое е ковид центар.

Вкупно се хоспитализирани 43 лица,  од кои  37 се потврдени позитивни,четворица се  сомнителни и двајца пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 18 пациенти. Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест“ - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на велешка Болница.

Од згрижените пациенти на Инфективно се  38 а на Интерно пет лица.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »