Петар Печков
Објавено: сабота, 13 февруари 2021
Министерството за здравство објави дека денес, сабота во велешко има 23 лица ново заразени со ковид-19, шестмина се оздравени. Активни се 245 случаи а досега се заразиле 3.282 лица. Бројот на починати од последици на корона вирусот, во велешко е 107 пациенти.
Во велешка Болница се хоспитализирани 32 пациенти, од кои 25 се потврдени позитивни, еден пациент е сомнителен и шест пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 10 пациенти. Испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест. На Инфективно одделение се сместени 28 а на Интерно четири пациенти.
Tweet |