Петар Печков
Објавено: среда, 03 март 2021
Билтенот на Министерството за здравство за денес, среда е дека во велешко има 24 нови случи на лица позитивни на ковид-19 и седуммина оздравени.
Со тоа активни се 278 случаи а досега се заразени 3.501 лица. Од последиците на корона вирусот, досега починале 111 лица од велешко.
Од велешка Болница информираа дека кај нив се згрижени 29 пациенти, од нив 24 се на Инфективно одделение и петмина на Интерно. Од лежечките пациенти 21 се потврдено позитивни, двајца се сомнителни и шестмина пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се осум пациенти. Испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Tweet |