речник контакт

Нови 25 случаи во велешко позитивни на ковид-19

Активни се 629 случаи од нив 39 се во Болница

Петар Печков

Центарот за јавно здравје од Велес објави дека денес се регистрирани  25 нови случи на лица позитивни на ковид-19 а оздравени се 15.  Досега во велешко има  2.658 заразени лица а  1.944 оздравени. Активни  во велешко се 629 случаи од нив  20  се во болница,   шест во приватни клиники и  603  на домашно лекување

Вкупно се хоспитализирани 39 пациенти, од кои 32 се потврдени позитивни, непотврдени двајца и пет пациенти со негативен тест со здравствени проблеми, но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 11 пациенти. Испишани се двајца пациенти како оздравени, со по еден негативен брис  - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.

На Инфективно  одделение се  33 пациенти а на Интерно шест.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »