речник контакт

Нови 25 случаи со ковид-19, Велес и натаму е петти во земјава по број на активни случаи

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 22 пациенти, тројца помалку од вчера. Таму има починато една пациентка.

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко  25 нови случаи  на лица со корона вирусот   а   оздравени се 34 пациенти, соопштија од Министерството за здравство.  Бројот на активни случаи во велешко  се симна на  136. Со оваа бројка  Велес и натаму е на петтото место според бројот на активни случаи во земјава, по  Скопје, Битола, Прилеп и Куманово. 

Во велешка Болница починала пациентка на 75 годишна возраст, позитивна ка ковид-19. Таа е 309-та жртва на корона вирусот во велешко. 

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се 22 пациенти, тројца помалку  од   вчера . Hа Инфективно  се хоспитализирани  18, на  Интерно  четворица. Нема ново примени  а испишани се двајца пациенти. 

„Потврдено позитивни се 14, непотврдени  се двајца  и негативни се шестмина  пациенти но со потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се девет лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »