речник контакт

Нови 26 позитивни на ковид-19 и починато лице од Велес на 48 годишна возраст

Во велешка Болница згрижени се 54 пациенти

Петар Печков

Еден починат пациент маж од Велес на 48 годишна возраст  е нова 203-та жртва од последиците на ковид заразата.  Тој бил на лекување во велешка Болница.  

Таму денес се хоспитализрани хоспитализирани 54 пациенти,  од кои  32 се потврдени позитивни, пет сомнителни  и 17 се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се 26 пациенти. На Инфективно одделение се згрижени  31на Интерно 11 и во  Модуларната болница 12.
 
Во велешко изминатите 24 часа има 26 нови случаи, и 25 оздравени. Со ова бројот на активни случаи во велешко е 290.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »