речник контакт

Нови 26 позитивни на ковид-19 во велешко и еден починат пациент

Во велешка Болница бројот на згрижени пациенти изнесува 47

Петар Печков

Висок број на ново заразени во велешко, но и висок број на оздравени.  Изминатите 24 часа има пријавено 26 нови случаи на лица позитивни на ковид-19 а оздравени се 27. Бројот на активни случаи во велешко е 335 лица. Ова се податоци на Министерството за здравство.

Од таму информираат дека има починато пациент позитивен на корона вирусот, на 64 годишна возраст од Велес,  кој бил на лекување во скопските клиники. Тој е 226-та жртва на ковид заразата од велешко.

Во велешка Болница бројот на згрижени пациенти  е поголем од вчера за седум и изнесува 47, од нив 26 се на Инфективно одделение, 13 во Модуларната болница, додека на Интерно  се  тројца  пациенти.  

„Од вкупниот број хоспитализирани пациенти, 30 се потврдено позитивни, 13  се негативни, но со потреба од продолжено лекување   а четворица  пациенти се непотврдени.  На кислородна поддршка се 29 пациенти, 16 на Инфективно,тројца на Интерно и 10 во Модуларната “ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка болница.

Ново приемни пациенти се шестмина, двајца во Модуларната болница и четворица на Инфективното одделение, додека испишани се двајца како оздравени со еден негативен тест.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »