Петар Печков
Објавено: вторник, 22 декември 2020
Денес се регистрирани нови 26 случаи на лица позитивни на ковид-19, а оздравени се 43, соопштија од Центарот за јавно здравје Велес Вкупниот број на заболени лица во велешко е 2.633 а на оздравени 1.929. Досега се починати 85 пациенти, од последиците на корона вирусот. Активни се 619 случаи, од нив 575 се на домашно лекување. .
Вкупно се хоспитализирани 36, од кои 28 се потврдени позитивни, непотврдени три и пет се негативни но се во Болница поради здравствени причини .
На кислородна поддршка се 13 пациенти. Испишани се три пациенти како оздравени, со по еден негативен брис. На Инфективно одделение се 30, на Физикално две и на Интерно четворица пациенти - соопшти д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес
Во текот на вчерашниот ден , попладнето, починат е пациент на 65 годишна возраст, позитивен на ковид-19, од Свети Николе, лекуван на Инфективно одделение четири дена.
Tweet |