речник контакт

Нови 29 случаи позитивни на ковид-19 во велешко, оздравени се 24 пациенти

Активни во велешко се 719 случаи, во Болница се 61 пациент

Петар Печков

Продолжува трендот на помал број ново заразени со ковид-19 во велешко. Неколку дена наназад бројката е далеку од просекот во ноември.

Така денес Центарот за јавно здравје од Велес регистрирал  нови 29 лица позитивни на ковид-19 или досега  вкупно  2.066. Оздравени се 24  или вкупно 1.279 лица. Активни  се  719, од нив 649 се на домашно лекување,  62 во болница седум во приватни клиники во Скопје и, едно на торако-васкуларана клиника.  

Во велешката Болница  хоспитализирани се 61 пациент, од кои 51 потврдени позитивни, четири  сомнителни и шест  пациенти со негативни тестови а со здравствени проблеми.  Од нив 20 пациенти се на кислородна поддршка.
На Инфективно  одделение се сместени 50 пациенти, на  Физикално шест и на Интерно пет.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »