Петар Печков
Објавено: вторник, 18 јануари 2022
Изминатите 24 часа во велешко има регистрирано 33 нови случаи на лица позитивни на ковид-19 а оздравени се 22. Ова се податоци кои ги објави Министерството за здравство. Во велешко активни се 327 лица со ковид-19. Починати нема.
Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница е 30 пациенти, еден повеќе од вчера. Ново примени се двајца пациенти, испишани се тројца со по еден негативен тест.
„Од згрижените пациенти, 20 се позитивни, непотврдени се тројца и седумина се негативни. На кислородна поддршка се 11 пациенти“ - кажа д-р Eлена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
На Инфективно одделение згрижени се 23 а на Интерно одделение седумина пациенти.
Tweet |