Петар Печков
Објавено: среда, 16 декември 2020
Во велешко денес има 35 ново заразени од ковид-19, вкупно досега 2.514, објави Центарот за јавно здравје Велес. Оздравени се 31 пациент, вкупно 1.742. Активни се 692 случаи, 54 се во Болница, 629 на домашно, 8 во приватни клиники и еден во торако-васкуларна. Бројот на починати во велешко, како последици на корона вирусот е 80 лица.
Во велешката Болница се хоспитализирани 54 пациенти, од кои 44 се потврдени позитивни, непотврдени се шест и четири со негативни тестови, а со здравствени проблеми.
На кислородна поддршка се 21 пациенти. Испишани се десет пациенти со по еден негативен брис. На Инфективно се 40 пациенти, на Физикално 11 и на Интерно три- соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |