Петар Печков
Објавено: вторник, 23 март 2021
Во велешко денес има 36 ново заразени лица со ковид-19 а оздравени се 17., соопштија од Институтот за јавно здравје. Активни се 485 случаи а досега во велешко се заразиле 4.081 граѓанин.
Во текот на вчерашниот ден еден пациент е транспортиран во ковид центарот на Клиника за неврологија. Додека пак, во текот на вчерашната ноќ почината е пациентка на 71 годишна возраст, од Велес, позитивна, лекувана на инфективно одделение четири дена - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол нa Општа Болница Велес. Тоа е 125 жртва во велешко, почината од последиците на ковид-19.
Во велешка болница вкупно се хоспитализирани 78, од кои 50 се потврдени позитивни, 19 сомнителни и девет пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 32 пациенти.
На Инфективно одделение има 48 пациенти, на Интерно 12 а во Модуларната болница 18. Денес од хоспитализираните во Болница се испишани осум пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Tweet |