речник контакт

Нови 39 случаи во велешко на лица позитивни со ковид-19, еден починат пациент

Во велешка Болница хоспитализирани се 50 пациенти, активни се 693 случаи

Петар Печков

Во велешко денес се регистрирани 39  нови случаи  , досега  вкупно 2.575 соопштија од Центарот за јавно здравје Велес. Оздравени се  22 пациенти, или  вкупно  1.800. Активни  се 693 случаи, 632 на домашно лекување.

Во велешка Болница   хоспитализирани се  50 пациенти, од кои 40 се потврдени позитивни, десет се непотврдени. На кислородна поддршка се 14 пациенти. На Инфективно одделение се  37,  на Физикално  пет и на Интерно  осум.

Испишани се 4 пациенти како оздравени, со по еден негативен брис. Во текот на ноќта почината  е  пациентка на 80 годишна возраст, од Велес, лекувана на инфективно одделение една недела - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.   
 
Досегашната бројка на починати лица во велешко, како последица  од ковид заразата е 82 пациенти.  Во Болница има згрижено, седум пациенти  од Свети Николе и двајца од Градско кои се позитивни на ковид-19.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »