речник контакт

Нови 39 случаи на позитивни со ковид-19 во велешко

Активни случаи во велешко се 766

Петар Печков

Во велешко има регистрирано 39 нови случаи на заразени со ковид-19 а оздравени се 37. Ова се бројките за изминатите 24 часа, кои попладнево ги соопшти Министерството за здравство.

Или активни случи  се 766 а досега биле заразени 5.167 лица. Министерството за здравство соопшти за еден починат шациент позитивен на ковид-19 од Велес, лице на 82 години, кое вчера беше во извештајот на Велешка Болница.

Во Велешка Болница има хоспитализирано 88 пациенти, позитивни или сомнителни на ковид-19, 40 од нив се на Инфективно, 32 се во Модуларната болница, девет на Физикално и седум на Интерно одделение.

На кислородна поддршка, денес во велешка Болница  се 43 пациенти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »