речник контакт

Нови 44 случаи во велешко позитивни на ковид-19, оздравени има 39 пациенти

Активни случаи се 741, во велешка Болница хоспитализирани има 77 лица

Петар Печков

Во велешко денес се регистрирани 44 лица ново заразени со ковид-19, оздравени се 39, соопшти Центарот за јавно здравје Велес.  Досега вкупно заразени биле 1357 лица во велешко,  оздравеле 575. Активни случаи  на поширокиот велешки регион се 741 лице, од нив 63 се сместени во велешка Болница,  две се во ГОБ 8-ми Септември,  пет во приватна клиника во Скопје и 671 се на домашно лекување.  

Вкупниот број на хоспитализирани пациенти  во Велешката Болница денес на пладне  е  77  лица, од кои 63 потврдени позитивни, 11 сомнителни и 3 негативни но со симптоми, 23 пациенти се на кислородна поддршка. На Инфективно се сместени  50, на Интерно 13 и на Одделението за Физикална медицина 14.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »