речник контакт

Нови 48 случаи на лица позитивни со ковид-19 во велешко

Активни има 720 пациенти со корона вирус. Починат еден велешанец на 73 годишна возраст, позитивен на ковид-19

Петар Печков

Нови 48 заразени со ковид-19 регистрираше денес, недела,  Центар за јавно здравје од Велес, оздравени нема.

Со ова бројката на вкупно заболени во велешко е 1166 лица а  активни  случаи во велешко има 720 пациенти.

Од нив 661 се на домашно лекување, 51 на Инфективно во велешка Болница, две родилки се на ГАК, двајца пациенти во ГОБ 8-ми септември во Скопје и четворица на приватна клиника во Скопје.

Вкупно хоспитализирани се 54 пациенти на Инфективното одделение и одделението за физикална медицина, 50 се потврдени позитивни и 4 сомнителни а 18 пациенти се на кислородна поддршка. На интерно одделение двајца сомнителни.

Починат е маж од Велес,  позитивен на ковид-19, на 73 години возраст, примен во Болница  пред пет  дена. Тој е 40-та жртва на корона вирусот.  Лицето на 79 годишна возраст, кое Министерството за здравство го води како втор починат велешанец, денес недела, беше тоа кое вчера, сабота  беше пријавено за починат од страна на Велешката Болница а го немаше во збирната бројка починати на Министерството за здравство за сабота.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »