речник контакт

Нови 50 случаи на позитивни на ковид-19 во велешко

Во трите ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 56 пациенти, еден помалку од вчера

Петар Печков

Доцна вечерва Министерството за здравство ги објави подтоците за изминатите 24 часа , за состојбата со ковид-19. Во велешко новозаразени се 50 лица а оздравени се 49. И бројот на активни слуачи е 292 лица. Починати нема.

Во трите  ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се 56 пациенти, еден помалку  од вчера. Hа Инфективно  се згрижени 39, на  Интерно  шест и на Физикално 11 пациенти. Потврдено позитивен е 41, непотврдени  се тројца  и негативни се 12 но со потреба од болничка нега.

„Примени се четворица нови  пациенти, еден е трансфериран од  Интерно на Физикално одделение, испишани со по еден негативен тест се тројца. На кислородна поддршка се 23 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол нa Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »