Петар Печков
Објавено: четврток, 25 март 2021
Во велешко денес има 56 нови случаи на позитивни на ковид-19 а оздравени се 16, објавија од Институтот за јавно здравје. Податоците за вчера, среда. Во велешко има активни 573 случаи а досега се заразени 4198.
Од Институтот објавија дека има две лица од Велес починати, едното е тоа од вчера во билансот од велешка Болница веќе евидентирано, додека второто е од денес, од клиниките во Скопје. Тоа е 127-ма жртва од последиците на ковид заразатa.
Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 73 пациенти, од кои 60 се потврдени позитивни, шест сомнителни и седум пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 30 пациенти. Испишани се пет пациенти како оздравени со по еден негативен тест. Еден пациент денес е транспортиран во Приватната Болница - Жан Митрев.
Од лежечките пациенти на Инфективно одделение се 56, или тоа е исполнето, на Интерно се девет и во Модуларна болница осум.
Tweet |