Петар Печков
Објавено: среда, 26 јануари 2022
Во двете ковид одделенија од велешка Болница, изминатите 24 часа регистрирани се четири смртни случаи.
„Починат е еден пациент на Инфективно и тројца ан Интерно одлеенине. Двајца пациенти се од Свети Николе, жена на 61 годишна возраст и маж на 79 години, 8 час по хоспитализацијата, 57 годишна жена од населба Чашка и маж од Велес на 48 годишна возраст кој бил ковид позитивен и со коморбидитети. На кислородна поддршка се 28 пациетни“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
Со ова бројот на починати од последиците на ковид заразата во велешко достигна до 294 лица.
Во текот на изминатите 24 часа е регистриран е висок број на нови случи на лица позитивни на ковид-19 од велешко. Бројката е 62 лица, оздравени се шест пациенти. Или бројот на активни случаи се искачи на 464.
Вкупно хоспитализирани во двете ковид одделенија од велешка Болница се 62 пациенти, на Инфективно 56 и на Интерно шест. Потврдено позитивни се 55, непотврден еден и двајца се негативни, но со потреба од болничка нега. Ново примени се шест пациенти, од нив еден е префрлен како позитивен од Интерно а испишани се шест со по еден негативен тест. Слободни кревети на Инфективно имало четири.
Згрижени освен од Велес и велешко, има и од Свети Николе и околината.
Tweet |