Петар Печков
Објавено: сабота, 12 март 2022
Изминати 24 часа во велешко се регистрирани девет нови случаи, со ковид-19. Оздравени се 10 пациенти, соопштија од Министерството за здравство. Бројот на активни случаи во велешко изнесува 97 лица. Починати лица од последиците на квоид пандемијата нема.
Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 11 пациенти, еден помалку од вчера Hа Инфективно се хоспитализирани пет , на Интерно шестмина . Ново примен не еден а испишани се четворица пациенти.
„Потврдено позитивни се тројца, непотврдени се двајца и негативни се шест пациенти но со потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се осум пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |