речник контакт

Нови автобуски линии на превозниците, откако Владата го зголеми бројот на патници кои може да се превезуваат во меѓуградскиот превоз

Наместо со исполнетост од 50 отсто, автобусите може да возат со 75 отсто од вкупниот број на патници

Петар Печков

Наместо со исполнетост од 50 отсто, автобусите може да возат со 75 отсто од вкупниот број на патници. Оваа одлука, со која се врши измена на протоколите за превоз на патници, ја донесе вчера попладне Владата по препорака на Комисијата за заразни болести. Владината одлука со која е зголемен бројот на патници се однесува на автобусите од градскиот и од меѓуградскиот превоз.

На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата ги прифати измените во протоколите за вршење меѓуградски и меѓународен превоз на патници, со што наместо исполнетост до 50 проценти, отсега во меѓуградскиот и меѓународниот патнички превоз е дозволено исполнетост најмногу до 75 отсто од вкупниот капацитет на возилата -информираат од Владата.

Во прилог е новиот автобуски возен ред, на Автобуската станица Велес, со важност од денес 12-ти август.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »