Петар Печков
Објавено: среда, 27 септември 2006
Во Велес пристигна новата 11-та група на доброволци, членови на американската владина организација „Мировен корпус“.
Оваа година 49 американци три месеци ќе престојуваат во семејства, каде ќе го учат македонскиот јазик, обичаите и културата на домаќините по што две години ќе продолжат да работат низ Македонија во граѓанскиот сектор, развој на заедницата и унапредување на познавањата на англискиот јазик.
За некој ден по завршувањето на адаптацијата, тие ќе заминат во Куманово, Свети Николе, Кавадарци, Неготино и Чашка од каде доаѓаат нивните семејства домаќини.
Ова е десета година како американските доброволци од „Мировниот корпус“ ги пренесуват нивните искуства во Македонија.

Tweet |