Петар Печков
Објавено: вторник, 20 март 2018
СВР Велес информираше дека во неделата и понеделникот, фатила тројца велешани, кај кои е пронадјена марихуана.
На ден 18.03.2018 г во 22.00 час. во Велес на ул. „Родна Ивева“ од слобода е лишен Р.У.(19) од Велес поради основано сомнение за извршено кривично дело по чл 215 од КЗ на РМ („Недозволено производство и пуштање во промет на опојни дроги“). При претрес на лицето пронајдени се и одземени две помали кесиња најверојатно со хероин и кесе со околу 50 грама најверојатно марихуана.
На ден 19.03.2018 г во 11.00 час. во Велес на ул.„Благој Кирков“ од слобода се лишени И.Г.(24) и М.Г.(43) од Велес поради основано сомнение за извршено кривично дело по чл 215 од КЗ на РМ(„Недозволено производство и пуштање во промет на опојни дроги“). При претрес кај лицата се пронајдени и одземени поголеми најлонски кесиња најверојатно со марихуана - пишува во писмената информација на СВР Велес.
Претходно на 6-ти и 7-ми март велешката полиција исто така уапси две лица Љ.Д. (34 год) и И.Т. (43 год) поради поседување на дрога.
Tweet |