Петар Печков
Објавено: вторник, 21 март 2023
Министерот за здравство именуваше нови в.д. директори на велешка болница и на Здравен дом. Во Општа Болница Велес поставен е дипломираниот правник Ристе Богоевски, кој досега беше прв човек на ЈЗУ Здравствен дом Велес а доаѓа во ова здравствена установа, по пензионирањето на досегашниот директор д-р Божидар Бојаџиев. Во Здравствен дома Велес именуван е Нино Николов, дипломиран правник, кој зад себе има 7,5 годишно искуство како адвокат.
Во подрачната единица на Фондот за здравство за нова раководителка, овластена е Валентина Далиманчева Андреева, која како дипломиран правник, тука го мина целиот работен век.
Tweet |