Петар Печков
Објавено: недела, 08 август 2021
Нови два случи на лица од Велес, позитивни на ковид-19 е билансот за изминатите 24 час, кои го објави Министерството за здравство. Порасна и бројот на лица кои се хоспитализирани во велешка Болница.
„Во ковид центарот на Инфективно одделение хоспитализирани се 3 пациенти, позитивни на ковид-19, еден пациент е на кислородна поддршка’ - соопшти д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница.
Бројот на активни случи во велешко на лица со корона вирус е 12 пациенти.
Tweet |