Петар Печков
Објавено: понеделник, 09 февруари 2026
Нови два случаи на заразени со шуга во велешката касарна, со што вкупниот број е четири лица. Првиот случај бил заразен од надворешен контакт, внесен во касарната во Велес, Алексо Демниевски Бауман, соопштија докторите од Воено Медицинскиот Центар (ВМЦ). Денес во велешката касарна и во Штип од редовниот викенд се вратени 292 професионални војници, кај чии колеги е регистрирана заразната болест шуга. Четирите заразени лица се на домашна нега.
„Засега се регистирани четири случаи, во изолација нема. Заразените лица се на домашно лекување, останатите се на своите работни обврски во единицата. Ова не е карантнинско заболување, потребно е болниот да биде издвоен и биде дома, со свој кревет или легло. Друга излоација не е потребна. Останатите секојдневно се следат и ако има промени или симтоми се упатуваат на дополнителне преглед, засега такви случаи нема. Првиот случај е внесен од надвор“ – кажа д-р Лариса Оранска, потполковник во Воено медицинскиот центар во Скопје.
Викендов била направена целосна дезинфекција и дезинсекција на просториите во касарната во Велес, каде се сместени новите професионални војници. Првиот случај бил регистриран во четвртокот и се појави четири седмици откако професионалните војници по свечената заклетва на 16 јануари бе пуштени дома на викенд. Според емидемиолозите периодот на инкубација на шугата е четири седмици.
„На превентивен преглед се испратени сите војници кои што биле во контакт со заразените лица. За време на викендов во просториите каде што се сместени војниците е извршено комплетна замена на постелнината, направена е дезинфекција на сите спални соби, дезинфекција на ќебињата, перниците и душеците и е испрана постелнината. Сите војници се информирани за симптомите кои може да се појават како резултат на оваа болест, дадени се препораки доколку се забележат кожни промени веднаш истото да се пријави и да се консултираат со доктор“ – соопштија од од Министерството за одбрана.
Шугата во велешката касарна се појави и во ноември 2019-та година. Тогаш од Министерството за одбрана соопштија дека имало еден случај, војник кој дошол доброволно да служи воен рок не потекнувала од касарната, ја донел од дома. Се пренесува со долготраен телесен допир, преку постелнина, облека или душеци, паразит кој опстојува на температура од 37 степени колку што е телесната.
Независниот синдикат на професионалните војници (НСПВ) во писмена реакција кажа дека шугата се појавила поради лошите нуслови за живот и работа на овие лица и дека Министерството за одбрана вложува во оперма, не во услови за работа и престој.
„Со зголемениот буџет согласно барањата на НАТО, приоритет треба да бидат условите за работа и човечкиот фактор, а не само набавки на оружје. Залудно е да се инвестира во опрема ако нема кој да ја користи. Се реновираат само просториите на офицерите, а не и објектите каде што живеат и престојуваат 24/7 професионалните војници“ – реагираа од НСПВ.
На ова со заедничко соопштение од АРМ и Министерството за одбрана, информираа колку средства се планирани за реновирање на дел од објектите на АРМ.
„Армијата, Министерството за одбрана и Армијата на чело со Генералштабот, во континуитет работат на подигнување на стандардите и условите за работа, а тоа подразбира комплетно реновирање и реконструкција на објектите во кои функционираат припадниците на Армијата. Само за илустрација за 2026 и 2027 предвидени се 41.300,000 денари за реконструкција и санација на објектите, градежно – занатски работи во касарните“ пишува во писменото соопштение.
фото архива
| Tweet |




