речник контакт

Нови два смртни случаи на пациенти позитивни на ковид-19, на Инфективно одделение

Бројот на почнати во велешко од коронавирусот се искачи на 25 лица, деветмина починаа последните пет дена

Петар Печков

Нови два смртни случи на лица позитивни на ковид-19 од Велес, се регистрирани на Инфективното одделение, соопштија од Велешката Болница.  Пациентите починале вчера попладне и ноќеска околу полноќ.

Вчера околу 17ч. почината е жена на 61 годишна возраст, која претходно е лекувана на Интерно одделение.  На инфективно одделение била на кислородна поддршка. Околу полноќ почина и маж на 62 годишна возраст, кој неколку часа претходно бил донесен на Инфективното одделение во тешка здравствена состојба - кажа д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Болница Велес. 

Со ова бројот на почнати во велешко од коронавирусот се искачи на 25 лица, деветмина починаа  последните пет дена.

На Инфективното одделение заклучно до синоќа до 20ч. имало хоспитализирано 39 пациенти, 29 се потврдено позитивни а десет се сомнителни случаи, 18 од пациентите се на кислородна поддршка.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »