речник контакт

Нови два смртни случаи на последиците од ковид заразата во велешко

И двајцата се мажи од Велес, кои се лекувале на Инфективно одделение. Бројката на починати лица од велешко, поради последиците на корона вирусот е 90 пациенти

Петар Печков

Двајца пациенти, починаа претпладнево на Инфективното одделение од Велешка Болница. И двајцата се мажи, а починале поради компликации предизвикани од ковид заразата.

Утрово е починат еден пациент на 62 годишна возраст, од Велес, хоспитализиран четири  дена на Инфективно одделение. На пладне уште еден починат пациент, маж на  81 годишна возраст, исто лекуван на Инфективно одделение четири дена - соопшти д-р Елеонора Јованова портпарол на Општа Болница Велес.

 По овие случаи, бројката на починати лица од велешко, поради последиците на корона вирусот е 90 пациенти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »