Петар Печков
Објавено: вторник, 10 февруари 2026
Во текот на вчерашното попладне и вечер во Велес, полицијата открила дека двајца возачи управуваат возило зо забрана за управување. Деталите од информацијата на велешката полиција.
На 9 февруари во 17:30 часот на крстосница кај село Башино село, велешко, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Н.А.(28 год) од Скопје. При контрола во сообраќајот било сопрено патничко возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Н., при што било констатирано дека го управувал со впишана забрана за управување со моторно возило од Б категорија
На 10 февруари во 00:20 часот на улица „Академик Пенчо Давчев“ во Велес, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода И.А.(42 год) од Велес. При контрола во сообраќајот било сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.А., при што било констатирано дека го управувал со активна мерка - забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
По насоки на јавен обвинител, во двата случаи возачите биле приведени во полициска станица, а возилото одземено. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Oд почетокот на февруари до овие два случаи, одземени се 10 автомобили на територијата на општина Велес, бидејќи возачите ги управувале со забрана за управување.
Со промените на Законот за прекршоци од први февруари во случај возачот да управува возило без важечка дозвола, тоа се одзема.
| Tweet |




