Петар Печков
Објавено: вторник, 27 октомври 2020
Две жени ноќеска починале на Инфективното одделение од велешката Болница, и двете позитивни на ковид-19, соопштија од оваа здравствена институција.
Едната пациентка е на 57 годишна возраст, со прекумерна тежина и хипертиреоза, примена е на 25-ти октомври во тешка состојба со ниска сатурација а втората почината е жена на 86 годишна возраст со хипертензија, приемена е на 19-ти октомври - изјави д-р Весна Николоска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.
Ова се дваесетта и тринаесетта жртва, жители на Велес за една седмица, починати од компликации предизвикани од ковид-19. Досега во велешко починаа 29 пациенти со коронавирусот.
На Инфективно одделение хоспитализирани биле 41 пациент, 33 биел потврдено позитивни, за осум кои имале симптоми се чекаат резултати од земен брис а 13 пациенти се на кислородна поддршка.
Tweet |