Петар Печков
Објавено: недела, 07 ноември 2021
Повторно двајца починати пациенти од Велес, позитивни на ковид-19, кои биле на лекување во скопските клиники. Едното лице е на 57 годишна возраст а второто на 85 годишна возраст. Информација ја објавија од Министерството за здравство. Бројката на починати лица од велешко, поради последиците од корана вирусот достигна до 235.
Изминатите 24 часа, во велешко има 17 нови случаи на лица позитивни на ковид-19. Во истиот период како оздравени регистрирани се 16 пациенти, информираа од Институтот за јавно здравје. Бројот на активи случаи во велешко е 368.
Во велешка Болница бројот на згрижени пациенти во трите ковид одделенија изнесува 48 пациенти, потврдени се 32, непотврдени се тројца а негативни се 13 но со потреба од продолжено лекување.
„Ново примено е едно лице, испишан со еден негативен тест како оздравен е исто така еден пациент. На континуирана кислородна поддршка се 26 пациенти “ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка болница.
Од згрижените пациенти 24 се на Инфективно одделение, 17 во Модуларната болница, додека на Интерно се седуммина.
Tweet |