Петар Печков
Објавено: четврток, 18 август 2022
Изминатите седум дена две лица, кои се лекувале на Инфективно одделение од велешка Болница, починале од последиците на ковид заразата а имале коморбидитети. На 15 август починала жена на 86 годишна возраст со ковид пневмонија и после мозочен удар. Изминатото деноноќие починат е маж на 79 години со дијабетес и деменција. И двете лица се до Велес. Со ова вкупниот број на починати од велешко од последиците на ковид е 326.
„На Инфективно одделение хоспитализирани се седум пациенти, со кислородна поддршка се четворица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
Измиваните 24 часа има нови пет позитивни случаи во Велес а оздравени се 12. Бројот на активни случаи падна на 111 лица а пред седум дена беа 138.
Tweet |