Петар Печков
Објавено: четврток, 30 јуни 2022
Нови девет случаи на позитивни со ковид-19 во велешко. Нив ги регистрираше Министерството за здравство,за изминати 24 часа. Овој број беше објавен и во вторникот. Денеc има регистрирано еден оздравен. Со ваквата состојба бројот на активни случаи се искачи на 23 лица.
Од велешка Болница соопштија дека бројот на згрижени пациенти, позитивни на ковид-19 на Инфективно одделение е ист како вчера, четири лица.
Oд нив едното е од Неготино, како и мајка со две деца од Велес, кои се без потешкотии и не се на кислородна поддршка.
Tweet |