Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 април 2020
Единаесет пакети со храна беа распределени на социјално ранливите случаи, на семејства од Велес. Пакетите ги поделија волонтерите на Црвен крст - Општинска организација Велес, истите се наменски при вонредна ситуација предизвикана од Корона вирусот.
Пакетите се направија благодарение на донациите на граѓаните и фирмите во пунктот во Ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“ кој функционира заеднички со Општина Велес. Поделените 11 пакети со прехранбени производи, во најголем број ги добија самохрани родители и на лица во тешка социјална ситуација, кој останаа без работа, поради состојбата во државата.
Апелот за донации останува и понатаму. Секој може да биде дел од хуманата акција за помош на нашите сограѓани. Истата може да се донира во Интернатот, од понеделник до петок - порачуваат од ОО Црвен крст Велес.
Иста ваква акција се изведе во средат, кога беа донирани шест пакети со храна, исто така за самохрани родители и семејства од социјален ризик.
Tweet |