Петар Печков
Објавено: вторник, 08 август 2017
Изминатите денови во Велес се извршени повеќе промени на директорските позиции. По десет дена откако актерот Александар Велјановски беше именуван за в.д. директор на Велешкиот Центар за култура, на оваа позиција доаѓа Младен Крстевски. Тој изминатите 11 години беше член на штипски театар. Претходно беше директор на велешкиот театар.
За директор на ЈВП Лисиче е именуван Дејан Арсовски.
Нов директор на Фабриката за шински возила е Мите Јанков дипломиран инженер кој доаѓа на ова место, како вработен во Колска.
Раководител на Подрачната единци на Министерството за земјоделие е Зоран Наковски.
Болницата Јасеново директор е д-р Зоран Матев, кој беше на ова место и до 2006-ата.
Нови директори добија и ЈЗУ Здравен дом Велес каде е именуван Никола Димовски а на Центарот за Јавно здравје Велес е Тони Димитриев.
Промени има и внатре во СВР Велес. Марјан Арсов помошник началник а Лимани Иса е командир на сообраќајна полиција.
Велешани членови коалиционите партнери на СДСМ, добија повисоки позиции и тоа на државно ниво. Со Агенција за Пошти ќе раководи Благоја Индов, претседателка на второстепената комисија за работен однос, адвокатката Даница Чадиева. Директор на инспекторат за локална самоуправа е Агим Муртезани од Горно Јаболчиште, кој беше на 11-тата позиција во Третата изборна единица од последните парламентарни избори. Тој доаѓа на ова место на Ванчо Шехтански. Џевад Кицара доби директорска позиција во Институтот за стандардизација на Република Македонија.
Tweet |