Петар Печков
Објавено: четврток, 11 април 2013
На главната градска улица 8-ми септември се работи на поставување на нови електрични носачи , со штедливи светилки. На потегот од Пошта па до Стара аптека од десна страна се отстрануваат старите канделабри а се менува и електричната инсталација.
На нивно место локалните власти ќе постават нови, канделабри високи 8 метри. Тие ќе треба да ја осветлуваат и улицата и тротоарот. Затоа пак постојните канделабри остануваат од левата страна кај паркингот кај Судот и пред зградите од Чешелот. Овој градежен зафат треба да заврши до крајот на месецов.
Tweet |