Петар Печков
Објавено: среда, 04 април 2012
Велешката градска библиотека „Гоце Делчев‘‘ денеска доби најнови изданија на книги, донација од Владата на Република Македонија. Станува збор за најновата едиција 130 тома македонска литература преведена на англиски јазик, како и стручна научна литература од повеќе области од реномирани светски универзитети преведена на македонски, а наменета за студентите на македонските универзитети.
Овие книги ќе им бидат добредојдени на учениците и студентите од Велес. И за досегашната ваква и слична литература која ја добивме како донација од Владата за нашата библиотека имаме огромен интерес кај учениците од градот. Книгите се изнајмуваат само со лична карта, а можат да се користат само во читалната на библиотеката, потенцираше на денешната прес-конференција директорот на библиотеката Игор Крајчев.
Тој додаде дека денеска добиле и вредна пратка со околу 1.600 книги од асоцијацијата Алма од Франција, со која работат на оформување на Француско литературнио катче во велешката градска библиотека. Француското литературно катче ќе биде отворено во сетември годинава
Tweet |