Петар Печков
Објавено: недела, 25 септември 2016
Кованата пара „Година на петелот – петел со ангел“ на аверсот, во центарот на кованата пара се претставени грбот на Република Македонија и натписот „2017“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.
На реверсот, во центарот на кованата пара е прикажана слика на ангел во боја кој седи во запрежна кола влечена од петел. Ангелот е опкружен со цвеќе. Под и над централниот дел на сликата е прикажан цветен орнамент. По должината на периметарот се наоѓа натпис „Среќна Година на петелот“ на англиски јазик.
Кованата пара „Година на петелот – ветроказ со петел“ на аверсот, во центарот на кованата пара се претставени грбот на Република Македонија и натписот „2017“. Околу монетата, по должината на периметарот, се прикажани натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.
На реверсот, во центарот на кованата пара е претставена слика на петел во боја, во облик на ветроказ, со сонце во заднината. Под петелот е прикажана годината на петелот – „2017“. По должината на периметарот се наоѓа натпис „Среќна Година на петелот“ на англиски јазик.
Овие ковани пари се изработени од сребро Аg 925, со тежина на среброто од 28,28 г, чистота на среброто 26,16 г, и во кружна форма со димензија 38,61 мм.
Цената на кованите пари „Година на петелот – петел со ангел“ и „Година на петелот – ветроказ со петел“ изнесува 3.500,00 денари.
Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.
Tweet |