Петар Печков
Објавено: четврток, 29 октомври 2020
Центарот за јавно здравје денес регистрираше нови 53 лица заразени со ковид-19 во велешко. Има тројца оздравени. Активни се 260 случаи.
На домашно лекување се 226 лица, 29 се на Инфективно одделение во Велес, две родилки се на ГАК во Скопје, тројца пациенти со корона вирус се во приватни клиники во Скопје. Досега во велешко како заразени се водат 637 лица, оздравени се 348 лица.
Меѓу ново заразените е еден вработен од рендген одделението во велешката болница, каде се сега вкупно тројца рендген техничари позитивни на ковид-19.
На Инфективното одделение попладнево имаше хоспитализирано 41 пациент, четворица беа пуштени дома како оздравени а по два негативни теста. 35 лица се потврдено позитивни а шестмина се сомнителни со симптоми но без потврда дека имаат корона вирус. Единаесет пациенти се на кислородна поддршка.
Tweet |