Аница Солева
Објавено: среда, 05 октомври 2005
Само треба да се има малку среќа и минимум 50 денари в џеб за да заработите. Кој вели дека од спорт не се живее? Доказ за тоа се голем број Велешани кои “спортуваат“ и си ги даваат парите во спортските кладилници и се надеваат за некој денар. Годините не се важни, може секој да заработи, а што е најважно знаењето и дипломата не се потребни. Секоја седмица никнува по некоја нова кладилница и бизнисот се проширува и нормално цвета, но за кој? Дали за кладилниците или за “вработените“? Вирусот брзо се шири, пазете да не се заразите. Нема лек.
Tweet |