Петар Печков
Објавено: среда, 14 октомври 2020
Седуммина жители на Велес се нови случаи на позитивни на ковид-19 а има само еден оздравен. Ова се податоците кои доцна вечерва ги објави Министерството за здравство, објаснувајќи дека доцнеле бројките од Институтот за јавно здравје.
Со ова бројката на активни случаи во велешко порасна на 69 лица а досега се заразени 392 лица а 16 починати, 307 се оздравени.
На Инфективното одделение има хоспитализирано 26 пациенти, 24 се потврдено позитивни а двајца се сомнителни.
Еден пациент утрово, на 41 годишна возраст од Велес е транспортиран на Клиниката з Инфективни болести во Скопје, поради влошената состојба. Вечерва околу 20 ч. е префрлен уште еден пациент поради влошена состојба во Скопје. Девет пациенти биле на кислородна поддршка.
Tweet |