Петар Печков
Објавено: вторник, 21 мај 2019
Во петокот, на 17-ти мај на подрачјето на СВР Велес извршена е контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, регистрирани се 11 прекршоци, од кои во Велес пет, во Кавадарци два и во Неготино се регистрирани четири прекршоци. На несовесните возачи им се изречени прекршочни казни. За потсетување во четвртокто во Велес беа констатирани два а ден претходно, во средата девет.
Во саботата на 18-ти мај на подрачјето на СВР Велес извршена е контрола на возачи кои управуваат велосипеди со помошен мотор и мотоцикли. Притоа, регистрирани се 38 прекршоци, од кои во Велес 16, во Кавадарци осум и во Неготино се регистрирани 14 вакви прекршоци. На несовесните возачи им се изречени прекршочни казни и писмени опомени.
фото:архива
Tweet |