Петар Печков
Објавено: четврток, 26 август 2021
За подобрување на хигиената во градот, поставени се нови подземни контејнери.
Едниот од нив е кај рампата од железничкиот премин за Дворови, друг на паркингот во близина на Жито маркет близу Гимназијата и третиот во дворот спроти кулата кај Пошта.
Со ова вкупниот број на поставени подземни контејнери во Велес е 12.
Тие се празнат секој ден со специјално ново набавено возило од ЈКП Дервен.
Надлежните уверуваат дека првичните проблеми со фрлањето смет во подзмните контејнери се надминати и граѓаните ги почитуваат правилата.
Tweet |