Петар Печков
Објавено: недела, 29 март 2020
На штотуку објавената информација на ФБ на министерот за здравство Венко Филипче пишува дека во Велес се регистрирани нови три случаи. Или вкупно во Велес има шест случаи.
Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на корон авирус во земјата.
По градови ново заболени: Штип – 6, Скопје – 3, Велес – 3, Струга - 2, Струмица - 1, Дебар - 1, Тетово – 1, Гевгелија - 1
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 259 лице. Изминатoто деноноќе починаа две нови лица, еден 31 годишник од Скопје и исто така скопјанeц на возраст од 91 година.
Tweet |