Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 јуни 2020
Во текот на вчерашниот дена во велешко регистрирани се три нови случаи на заразени со ковид-19. Оздравени нема и со тоа бројката на активни случаи во велешко порасна на 30 лица.
Два од новите заразени се лица од Бузалково и еден од Велес. Сите три случаи се во семејна врска, во потесниот круг од фамилијата, од познат кластер - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.
Едниот од ново заразените е вработен во АД Македонски пошти, поради што и експозитурата на пазариште нема да работи.
Преземени се сите мерки, експозитурата е затворена, извршена е дезинфекција а сите вработени кои беа таму се во изолација - изјави директорот на Пошта во Велес, Горан Аврамов
На Инфективното одделение има 13 пациенти, 10 се потврдено позитивни и тројца за кои се чекаат резултати.
Во текот на ноќта е примен нов пациент со симптоми на ковид-19, додека едно лице на 40 годишна возраст од село Бузалково, поради влошување на состојбата е препатено на ГОБ 8-ми Септември Скопје- изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |