речник контакт

Нови три случаи на позитивни од ковид-19, „увезени“ од Скопје и Куманово, еден оздравен

На Инфективно одделение има 12 потврдено позитивни пациенти, само еден е од велешко, од Горно Јаболчиште

Петар Печков

Во денешниот билен на Министерството за здравство, има тројца нови позитивни случаи од Велес, и еден оздравен. Сите три случаи се донесени од околните градови, Скопје и Куманово.

Имаме нови  три лица кои се позитивни. Еден случај е на вработен во Куманово и две се жени вработени во Скопје. Сите тројца сметаат дека се заразиле од работното место, според епидемиолошка анкета. Трите лица се со благи симптоми и за сега се на домашно лекување.  Има еден оздравен, пуштен од Инфективно одделение - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.

Досега во велешко  вкупно заразени се 216 лица, оздравени се 185 ,починати се 13 а активни 18. Од активните случаи 17 се на домашно лекување.

На инфективното одделение има 13 лица хоспитализирано, еден е сомнителен се чекаат резултати за него, 12 се потврдено позитивни. Еден пациент е пуштен дома, откако на земен брис, два пати последователно бил негативен - изјави д-р. Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

Од сите 12  пациенти на  Инфективно одделение само еден случај е од велешко, од Горно Јаболчиште и тој чека втор негативен тест за да замине дома. Останатите се од Свети Николе и Кавадарци.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »