Петар Печков
Објавено: среда, 13 март 2024
Државна лотарија ви ги претставува најновите тројца добитници на електрични мотори од инстант лозот „Урбан стил“.
Тоше Петров од Радовиш за себе вели дека е редовен играч кој претходно остварил помали добивки, но овојпат бил пријатно изненаден кога ги воочил трите симболи на главната добивка на Урбан стил.
Влатко Блажески од Кочани често ја предизвикува среќата со инстант лозот Урбан стил за кој вели дека е неговиот омилен лоз.
И Добривој Сиљановски од Македонски Брод е редовен играч на игрите на среќа на Државна лотарија. Има остварено помали добивки, но со оваа „крупна“ добивка како што вели го израдувал целото семејство.
Сите тројца испратија едногласна порака до играчите, а тоа е да гребат инстант лозови затоа што среќата е под прстите.
ПР текст
Tweet |