Петар Печков
Објавено: недела, 14 ноември 2021
Продолжува црната низа на смртни случаи на лица од Велес кои починати од последиците на корона вирусот. Откако вчера имаше три смртни случаи, од велешка Болница информираа дека и денес има повторно три смртни случаи.
Сите три се жени на возраст од 69, 72 и 81 година, сите три со коморбидитети. Двете пациентки биле на Инфективно одделение а третата во Модуларната Болница. Со ова бројот на починати лица во велешко, како последица на корона вирусот достигна 243 лица.
Изминатите 24 часа има повеќе оздравени отколку ново заразени во велешко. Бројките се 18 оздравени и 17 нови случаи наљ позитивни со корона вирусот. Потадоците ги објави Министерството за здравство. Бројот на активни случаи во велешко е 367 лица.
Во трите ковид одделенија од Болницата има хоспитализирано 50 пациенти, четири помалку од вчера, 41 од нив е позитивен, и по петмина се непотврдени или негативни, но со здравствени проблеми, па имаат потреба од здравствена заштита.
На кислородна поддршка се 17 пациенти. Бројот на активни случаи со ковид-19 во велешко е 368. На Инфективното одделение кое има 42 кревети згрижени се 19 пациенти, на Интерното одделение каде се сместени сомнителните случаи има 10 и во Модуларната Болница има 21 пациент а таа има капацитет од 54 легла.
Tweet |