речник контакт

Нови четири маси за пинг-понг во салата Гемиџии

Велешани рекреативци зависници од пинг-понг

Петар Печков

Набавени се четири нови маси за пинг-понг, откако постојните не можеа да ги задоволат потребите на велешките рекреативци. Тие ќе бидат поставени по подтрибинскиот простор од  северната страна на саката, од страната на Градскиот парк а ќе бидат предадени во употреба, откако тој ќе се уреди, на почетокот од февруари.

По набавката и инсталирањето на првите четири маси за пинг-понг во април, интересот на велешани за рекреација е зголемен.  Нема  возрасна граница кој се го игра овој спорт, има и деца но и постари лица,  машка и женска популација, што  радува. За период од осум месеци искористеноста на сегашните четири маси е повеќе од две илјади часови. Јавно им се заблагодарувам на сите што редовно доаѓаат и рекреираат. Ударниот термин е од 17 до 20 часот, но поради ограниченост  не можевме на  сите заинтересирани да им овозможиме да бидат активни – вели Александар Табаков директорот на  ЈП Парк спорт.

Ова е нивна инвестиција од сопствени средства во висина од 80 илјади денари, при што се набавени и дваесет пара рекети.Велешките рекреативци освен со пинг -понг, се бават и со трчање на Градски стадион, каде ги има наутро, напладне и навечер, секој ден од неделата. преку летото пак со велосипеди масовно возат до вливот на Бабуна во Вардар.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »