Петар Печков
Објавено: недела, 26 декември 2021
Нови четири случаи на позитивни на ковид-19 во велешко, а оздравени нема. Ова се податоците кои ги објaви Министерството за здравство, од билтенот за изминатите 24 часа. Бројот на активни слуачи e 131 пациент. Починати нема.
Во двете ковид одделенија од велешка Болница претпладнево има згрижено 25 пациенти, еден повеќе од вчера. Од нив 16 се потврдени позитивни со ПЦР тест, непотврден се четири случаи а негативни се петмина, но со здравствени проблеми, па имаат потреба од здравствена заштита.
„Изминатите 24 часа има по еден ново примен и еден ispi[an пациент како оздравен со еден нeгативен тест. На континуирана кислородна поддршка се 15 пациенти“ - кажа др Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
На инфективното одделение се згрижени 17 пациенти, а на интерното одделение се осум пациенти.
Tweet |